Тетовец извадил 80.000 денари од фирмата во која не работел повеќе
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 31-годишниот М.Б. од Тетово поради постоење основи на сомнение за за сторени кривични дела „затајување“, „послужување“ и „измама“, извести МВР.
„Во текот на декември 2023, и покрај тоа што знаел дека договорот за работа со правно лице од Битола му е истечен на 30.11.2023 и немал право за користење на банкарската картичка во сопственост на правното лице, на 08 и 09.12.2023, картичката ја приложил пред референт во филијалата во Тетово и подигнал парични средства, со што го оштетил правниот субјект за сума од 80.000 денари“, соопшти МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа