Оваа европска земја лани го собори рекордот за трансплантација на органи
Mинатата година во Шпанија беа извршени повеќе трансплантации на органи отколку кога било досега, објави Министерството за здравство на таа држава.
Според извештаите, извршена е вкупно 5.851 таква процедура, што е за девет отсто повеќе во однос на 2022 година.
Шпанија е глобален лидер во трансплантација на органи повеќе од три децении, а меѓу причините за тоа се постоењето на координатори за трансплантација во болниците и напредокот постигнат на полето на донирање органи.
Во исто време, Шпанија има најголем број донатори на органи во светот со стапка од 48,9 донатори на милион луѓе, според Министерството за здравство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа