Германија повторно во застој: стотици летови откажани поради снежното невреме, има и жртви

 

Стотици летови во Германија се откажани поради екстремните временски услови, кои ја придружуваат снежната бура Гертруда, а на патниците им се препорачува да го проверат статусот на летот пред да се упатат кон аеродромот.

Аеродромот во Франкфурт беше најтешко погоден, каде што беа откажани 570 од 1.047 лета.

„Поради најавените временски услови, на 17 јануари ќе има откажување летови на аеродромот во Франкфурт, што се очекува и на 18 јануари“, се вели во соопштението на портпаролот на аеродромот во Франкфурт. Погоден е и аеродромот во Минхен, каде што се откажани 254 лета.

На западот на Германија беше затворен аеродромот „Забрикен“, а доцнења и откажувања летови се забележани и на аеродромите во Диселдорф и Келн. Откажувањата се очекува најмногу да ја погодат „Луфтханза“, која има свои бази на аеродромите во Франкфурт и Минхен.

Поради екстремните временски услови, во прекин беше и железничкиот сообраќај во Германија, а државниот оператор „Дојче бан“ предупреди на доцнење и откажување. Компанијата откажа неколку меѓуградски линии и објави дека максималната брзина на возовите е ограничена на 200 километри на час.

Локалните власти претходно соопштија дека невремето однело и жртва кога 86-годишен маж загинал кога бил удрен од автомобил додека го чистел снегот од тротоарот, а една жена, која возела, добила полесни повреди.

17.01.2024 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега