Даштевски: Двојните избори ќе не чинат најмалку 12 милиони евра

 

Двојните претседателски и парламентарни избори ќе не чинат околу 12 милиони евра со тендеција оваа сума да се зголеми најмалку до 15 милиони евра, бидејќи може да се појават некои непредвидени работи. Сооглед дека се двојни избори не се многу средства, имајќи предвид и дека гласа и во странство и треба повеќе ангажман, вели во интервју за МИА претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. 

-Ние кога се договаравме со министерот определивме една сума, меѓутоа после кога отиде буџетот во Собрание, многу се скрати. Не можам прецизно да ви кажам. Се надевам дека за некои дејствија ако биде потребно ќе се надополни Буџетот. Јас реков околу милијарда денари, сега е 600 и нешто милиони, меѓутоа најверојатно таа бројка ќе се зголеми. Сега тука многу е битно дали е сметана платената политичка кампања. Ако ја сметаме тогаш тоа ја зголемува бидејќи се работи за поголема сума, меѓутоа ние никогаш не ги земаме во предвид тие бидејќи ние сме како сервис, како дистрибутери на таа операција... Тука и дијаспората многу влече, може да повлече повеќе средства од сите избирачки одбори овде, вели Даштевски.  

Во видео интервјуто со претседателот на ДИК, разговораме за подготовките за изборите, за тоа како ќе влие на процесот доколку не биде избран член на ДИК, за Избирачкиот список, за составот на ОИК и Избирачките одбори и барањето на потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху за составот на ОИК да се земе предвид вкупното население од пописот во 2021 година, а не резидентното, за тоа каква соработка очекува со техничката влада, очекува ли „жестока кампања“. 

Интервјуто со Даштевски ќе биде објавено во текот на утрешниот ден.

17.01.2024 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега