Американски брод погоден со проектил во Црвеното Море

 

Британската Агенција за поморски трговски операции (УКМТО) извести за нов сериозен инцидент во Црвеното Море. Како што наведе, товарниот брод бил погоден со проектил од воздух недалеку од јужниот пристанишен град Аден во Јемен.

Американската морнарица потврди дека проектилите биле истрелани од јеменските Хути, а бродот е во сопственост на САД.

Од ноември, Хутите нападнаа трговски бродови во Црвеното Море повеќе од 20 пати со проектили, беспилотни летала, глисери и хеликоптери. Тие тврдеа, честопати лажно, дека овие бродови биле поврзани со Израел.

15.01.2024 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега