Тримесечно бебе од Италија во тешка состојба, во крвта му бил пронајден кокаин

 

Тримесечното бебе, по потекло од Салерно, Италија, наводно било позитивно на кокаин и моментално е во критична состојба на одделението за интензивна нега.

Бебето е хоспитализирано во детската болница Сантобоно во Неапол, а според локалните медиуми, детето било пренесено со хеликоптер од болницата „Руџи д’Арагона“ во Салерно.

Момчето било хоспитализирано и веднаш префрлено на интензивна нега, каде што се наоѓа во моментов.

Неговата состојба е критична и се смета дека е во животна опасност, пишуваат локалните медиуми.

Истрагата за случајот ја води полицијата, а ја координира јавното обвинителство.

Според првичните информации, мајката на момчето во минатото имала проблеми со дрогата, а наводно е во процес на излекување.

Момчето првично било донесено во болницата во Салерно во вторникот вечерта, а потоа истиот ден, поради неговата многу тешка состојба, итно е пренесено во Неапол.

Откако му се стабилизирала состојбата, било утврдено дека било позитивно на кокаин.

Истрагата е во тек, а сомнежите се дека бебето дошло во контакт со кокаин преку доење преку крвта на мајката, пренесуваат медиумите.

11.01.2024 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега