Крвава вечер во Тетово: Две лица се застрелани
Вистински хорор се случувал вечерва во Тетово. Крвава пресметка ги вознемири жителите. Според официјалните информации, полицајците трагаат по 5 лица кои се сомничат за случајот кој резултираше со две повредени лица од прострелни рани. Едниот од повредените е транспортиран на скопските клиники.
„Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот“, известија од МВР.
Ова се втори пукотници во Тетово за две недели. Претходно, во Челопек, 60-годишен маж уби двајца роднини, а едно лице рани. Причината беше имотно-правни односи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа