Син малтретирал татко и му се заканувал

 

Вчера во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Н.(29) од неготинско село, по пријава од неговиот 51-татко.

Според пријавеното, тој во семејната куќа физички го малтретирал и му се заканувал.

М.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

11.01.2024 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега