Владата денеска со интервентни мерки за загадениот воздух

 

Владата денеска треба да излезе со интервентни мерки за големата загаденост на воздухот во главниот град. 

Мерките на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање треба да ги усвои Владата, која уште на минатата седница, имајќи ги предвид параметрите и временските услови кои не предвидуваат ветрови и врнежи кои можат да ја подобрат состојбата, ја задолжило оваа институција да ги изготви.

Загадувањето е резултат на поставеноста на градот Скопје во котлина, лошата урбанизација во минатото, особено изградбата на населбата Капиштец која го спречува струењето на воздухот од Водно и портата Влае која го спречува струењето од запад, но и несоодветната урбанизација на Дебар Маало. Затоа, велат оттаму, не држат обвинувањата дека државата не презема ништо за да се справи со овој проблем. 

Како мерки кои и досега се преземале, а имале за цел да се намали и загадувањето, е гасификацијата на Клиничкиот центар, кој бил најголем загадувач, тоа е направено и со повеќе поликлиники и средни ушилишта, 100 проценти се гасифицирани топланите Исток и запад, набавени се 300 нови автобуси кои помалку загадуваат, а се спроведуваат и проекти за енергетска ефикасност во училиштата и мали и средни претпријатија. Засадени се 20 илјади нови садници во градот, поставени се зелени коридори со ружи кои апсорбираат тешки метали. Како подолгорочен проект го потенцираат потпишувањето на договорот за гасоводот и натамошна гасификација на градот. Дури и увозот на стари автомобили овозможил да се замени стариот возен парк кој бил голем загадувач.

Околу 80 проценти од компаниите веќе добиле А интегрирани еколошки дозволи, а тоа треба да го направат сите до април наредната година.

17.12.2013 - 09:16
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега