Финансиската полиција ќе врши проверки во М-НАВ
Од Управата за финансиска полиција за ТВ21 соопштија дека вршат проверки во Македонски навигации. Тие велат дека дејствуваат врз основа на извештајот што е направен.
„Според нашите надлежности, ние ќе извршиме проверки за да видиме дали има сомневања за кривични дела. Контролите ќе бидат направени во финансискиот дел, во процедурите и така натаму. Ќе постапиме според извештајот што е доставен и согласно надлежностите на Управата за финансиска полиција ќе извршиме контроли и увиди во работењето на М-НАВ“, рекоа од Управата за финансиска полиција.
На денешната Владина седница се очекува да бидат разрешени директорите на контролата за летање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа