Платила да и изработат мебел за нејзиниот дом, но не го добила ниту мебелот, ниту парите

 

Четириесет и седумгодишна жителка на тетовско село вчера во 11 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавила дека пред нецела година се договорила со лице од Порој да и изработи мебел за нејзиниот дом и притоа му платила определен паричен надоместок.

Меѓутоа, и по два месеци, колку што бил договорот, а и потоа, мебелот не и бил испорачан, ниту, пак, парите и биле вратени.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира полицијата.

09.01.2024 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега