Скопје1: Адвокатот бара куќен притвор за таткото на Вања
Се бара куќен притвор за Александар Ѓорчевски, татко на киднапирана и убиена Вања Ѓорчевска, а осомничен во истрагата, вели Владимир Туфегџиќ кој е негов бранител. Тој за „Скопје1“ вели дека ниту една мерка не е оправдана, но замената на ефективниот притвор ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата.
„Иако истакнавме посебен предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, свесен сум дека постапката околу укинувањето на притворот ќе трае. Иако спрема осомничениот не е оправдана ниту една мерка, сепак со мерката ќуќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството кое е длабоко погодено со оваа трагедија“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.
Од страна на адвокатот е побарано обвинителот да го викне на распит Ѓорчевски, кој додека трае истрагата, нема дадено свој исказ.
„Доставена е ургенција за постапување со оглед дека лицето има дадено исказ во прелиминарна фаза на предистрага кога му бил определен краткотраен притвор, за да биде повикано во фаза на истрага да даде целосен исказ со кој ќе појасни што видел, слушнал и со кои лица превземал дејствија со цел пронаоѓање на неговата ќерка во период од 27 ноември до денот на неговото лишување од слобода, воедно како, со кого и на кој начин ги обезбедувал и предавал видео записите на полициските службеници, како и за многу други прашања битни за целосно расчистување на овој настан“, додава Туфегџиќ за „Скопје1“.
Веќе три дена нема никакви реакции од институциите, за тврдењата на српскиот политичар Срѓан Ного, кој три дена јавно објавува снимки, теории и тврдења поврзани со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој ја обвини полицијата за неспособност, Обвинителството за непрофесионализам, таткото Александар Ѓорчевски го прогласи за херој кој го расчистил случајот и ги поврзал двете убиства.
Никој не излезе со демант, потврда или било каков став по ваквите објавени наводи. Освен дека објавата на снимките од страна на Ного нема да ѝ штетат на истрагата, Обвинителството со тотален молк околу тоа како тој може да ги поседува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа