Пронајдена дрога, приведен дилер при претрес во Кавадарци

 

Вчера во 16.15 часот полициски службеници од ОВР-Кавадарци го лишиле од слобода О.Н.(27) од Кавадарци, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени 75 таблети екстази, бела прашкаста материја и пари.

По претходно издадена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници за недозволена трговија со дрога и оружје од Кавадарци извршиле и претрес во неговиот дом, при што била пронајдена марихуана.

О.Н. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

09.01.2024 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега