СДСМ: Платите и пензиите ќе продолжат да растат во 2024 година
Со успешните економски политики на СДСМ, платите и пензиите ќе продолжат да растат и во 2024 година, велат од оваа партија.
Според СДСМ, во Буџетот за 2024 година веќе се предвидени дополнителни 160 милиони евра за повисоки плати и дополнителни 170 милиони евра за повисоки пензии.
„СДСМ ја покачи просечната плата на 39.000 денари или 630 евра. Во времето на ДПМНЕ просечната плата изнесуваше околу 22.000 денари. Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на 2016 година.
Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати и сега изнесува 20.175 денари. За само неколку години и во споредба со ДПМНЕ, СДСМ ја зголеми минималната плата за над 100%. Од месец март следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари.
Со новата методологија за усогласување на пензиите, два пати годишно, со растот на просечната плата и трошоците за живот, СДСМ обезбеди континуиран раст на пензиите, независно од чија било политичка волја“, истакнуваат од партијата на власт.
Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ, како што велат, за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија.
Најавуваат дека платите и пензиите ќе продолжат да растат и оваа година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа