Воз пак ќе има, Бочварски лично им се заблагодари на работниците за санирање на проблемот
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски лично им се заблагодари на инженерите, работниците и стручњаците за оспособувањето на железничкиот мост на реката Црна кај Градско поради чие оштетување немаше транспорт на железницата од 14 ноември.
„Честитки за вредните инженери, градежни работници и професори кои за 35 дена превземаа комплексна градежна активност за реконструкција на носечкиот столб на железничкиот мост кај Градско, напиша тој на социјалните мрежи.
Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин од 14 ноември. Товарниот сообраќај не функционираше и превозот на стоката од пристаништето во Солун кон Средна Европа се превезуваше преку Бугарија, а патничкиот железнички сообраќај се изведуваше комбинирано, од Градско до Неготино и обратно патниците се превезуваа со автобус, додека од Скопје до Градско и од Неготино до Гевгелија со воз.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа