Појава на свинска болест “Африканска чума” кај свињите во Куманово
Во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во проширен состав, заради појава на свинска болест “Африканска чума”.
Градоначалникот Максим Димитриевски на социјалните мрежи рече дена на состанокот се донесени неколку заклучоци.
„На состанокот се донесени неколку заклучоци: Секој орган да постапи во согласност со своите надлежности и овластувања, да се почитуваат сите мерки за спречување и сузбивање на ширење на болеста “Африканска чума” кај свињите; Агенција за храна и ветеринарство да ги превземе сите потребни заштитни мерки при транспорт од жариштето на болеста до утврдената локација за закоп на угинати свињи и да постапува согласно своите протоколи за работа при вршење на закопот“, вели Димитриевски.
Посочува и дека треба Општина Куманово, преку јавните претпријатија да пружи целосна логистичка поддршка во однос на обезбедување на механизација потребна за спроведување на постапките од страна на АХВ.
„Да се зајакне комуникацијата помеѓу државните институции АХВ и МВР – СВР Куманово, во однос на обезбедување на непречено одвивање на активностите.Локациите кои беа посочени од АХВ како соодветни за закоп на угинати и убиени животни согласно нивните важечки Правилници, а за кои Општина Куманово достави барање за мислење до надлежни институции и доби Позитивно мислење од Агенција за храна и ветеринарство, да се користат за закоп на угинати животни; МВР – СВР Куманово да пружи целосна асистенција при спроведување на активностите за закоп на угинати животни; Општина Куманово преку стручните служби да утврди нови предлог-локации за кои ќе спроведе постапка за утврдување на нови локации за закоп на угинати животни при евентуална појава на друго жариште“, вели Димитриевски во својата објава на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа