Четири лица во станица за упадот во М-НАВ, МВР трага по уште четворица
Во полициска станица се четири лица инволвирани во нападот врз вработени во М-НАВ што се случи денес.
Од МВР велат дек со нив се вршат службени разговори, по што во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Исто така, како што се наведува, се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица.
„Ја известуваме јавноста и дека МВР во наредниот период континуирано ќе ја обезбедува зградата на М-НАВ“, објави МВР.
04.01.2024 - 23:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа