ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски мисли дека е за Холивуд, но тој не е ниту за Боливуд
Стевчо Јакимовски мисли дека е за Холивуд, но тој не е ниту за Боливуд, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера тажеше зошто буџетот немало да се донесе, малтретираше вработени во општината на сила да протестираат, а веќе денес се труди да биде духовит, откако на сила го донесе буџетот.
Знаци за страдалник каков сакаше да се прикаже, денес има поприлично добро расположение. Тоа е последица не поради буџетот, туку поради милионите кои планира да ги дели со разни Јончевци и Пуцковци.
Го чекаме времето како грбот на општината ќе го замени со амблемот на Пуцко Петрол, и тоа поради пусти пари.
Но сепак не му е лесно. Левица му донесе буџет, под закана дека ќе оди во затвор СДС си го ќари, а за да остане богат треба да игра по нотите на Пуцко и ДУИ.
Од многу комбинирање на крај овој пиун на СДС ќе се прекомбинира“, велат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа