По кривичната за претседателот на Синдикатот непознати лица упаднале во М-НАВ - нападнати контролори на летање
Претседателот на Синдикатот на контроли на летање, Александар Тасевски на социјалните мрежи објави дека во објектот за контрола на летање, влегле лица и нападнале вработени. Тој додава дека случајот е пријавен во полициската станица Петровец и дека запознати се и министерот транспорт и врски и министерот за Внатрешни работи.
-Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект, напиша тој.
Тасевски додава дека овој акт на насилство не само што претставува закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа