(Анализа) Кои се најпривлечни дестинации за зимување меѓу Македоницте годинава?
Копаоник во Србија и Банско и Боровец во Бугарија остануваат најпривлечни за зимување меѓу македонските граѓани, но годинава има голем интерес и за Врњачка бања и Соко Бања во Србија.
Туристичките агенции што ги контактиравме велат дека и оваа зима најпродавани се аранжманите за топлите бањи и хотелите со спа и базени. Поради добрата понуда годинава најбаран е Боровец во соседна Бугарија.
Цените годинава се за околу 10 проценти поскапи од минатата зимска сезона, но, како што посочуваат агенциите, и покрај поскапувањето, сепак има голема заинтересираност.
Во зависност од типот на хотелот, аранжманите се движат од 50 евра до 170 евра со вклучен доручек и спа и друг вид на услуги.
Граѓаните не се откажуваат ниту од домашните скијачки центри, од кои, како и секоја година, најпосетувано е Маврово, а во снежните денови посетени се и Пелистер, Попова Шапка и Крушево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа