Полицијата фати малолетници по полноќ во кафич - си пиеле и алкохол
Струмичките тинејџери дивееле по локалите во текот на изминатата вечер, си пиеле и алкохол. Полицијата ги фатила на дело по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
„На 29.12.2023, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во два угостителски објект било констатирано присуство на малолетници после 24.00 часот. По документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопштија од МВР.
29.12.2023 - 17:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа