Судски совет незаконски ја разрешил Дамева - Управен суд го поништи пучот

 

Весна Дамева се враќа во претседателската фотелја во Судскиот совет. Управниот суд ја поништи одлуката за за разрешување на Весна Дамева која го обжали решението за нејзината контроверзна смена од претседателското место во Судскиот Совет.

Судот потврди дека тужбата на Дамева е уважена, а оспореното решение на Судски совет е поништено.

Одлуката прво ќе биде доставена до странките во спорот, па ќе биде објавена. Согласно одлуката на Управниот суд, тоа значи дека состојбата во судскиот совет треба да се врати пред спорната и одлука.

Одлуката за разрешување на Дамева дојде по иницијатива од тогашниот потпретседал Селим Адеми. Во неговиот тогашен табор е и актуелниот претседател на Советот, Сашко Ѓорѓиев кој го поддржи разрешувањето на Дамева.

Постапката против Дамева беше отворена кога пред Судскиот Совет требаше да почне постапка за дисциплинска одговорност на апелациониот судија Енвер Беџети затоа што Беџети 9 месеци го држел предметот за масовното прислушување „Тврдина Таргет“ во фиока со што беше овозможено предметот против Сашо Мијалков да се приближи до застарување.

Дамева тогаш обвинуваше дека постапката против неа е политички мотивирана и незаконска. Невладините набљудувачи оценија дека Судскиот совет ја разрешил Дамева преку постапка која не е предвидена со закон. Целата постапка од разршеувањето на Дамева до изборот на Горгиев беше критикуван од експерти, универзитетски професори, но и од Европската Унија во извештајот за напредок на државата.  Поради овие превирања ЕУ испрати и Оценска мисија која недоамна го заврши извештајот со 40 препораки за реформирање на судскиот совет

 

29.12.2023 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега