Спасовски на брифинг: Кога ќе почнат да фунционираат камерите за казни по улиците
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешниот брифинг, објасни за поставувањето на камери за контрола на безбедноста на сообраќајот.
Спасовски најави дека камери ќе бидат поставени во Скопје, Куманово, Тетово на автопатите, но ќе има и мобилни системи.
„Камерите за контрола на безбедноста на сообраќајот ќе бидат поставени во Скопје, Тетово, Куманово, на автопати, а ќе има и мобилни системи кои може да се постават секаде во државата“, изјави Спасовски кој притоа не прецизираше колку пари чинат и која фирма ги поставува.
Рече дека тие ќе почнат да функционираат тогаш, кога полицијата ќе процени дека е потребно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа