Албанскиот етнички шовинизам добива димензии на верски радикализам, оценуваат од Македонски Концепт

Албанскиот етнички шовинизам, покрај јавниот неофашизам, добива димензии на верски радикализам, налик на ИСИС од Блиски Исток, со што дирекно ги дестабилизира НАТО и го отежнува процесот на проширување на ЕУ на Балкан, ова е еден од заклучоците на Извршиниот тим на Македонски концепт по последните изјави на македонски политичари од албанската етничка заедница, поткрепени, како што велат од косовски политичари, а во врска обидот за мешање во внатрешните работи во Македонија и учество на косовски партии на следните парламентарни избори во земјава. Реакцијата како што велат, доаѓа „особено после најавата за рушење на христијански верски објект, легално поставен на црковен имот, сето тоа мотивирано од исламистички побуди“, велат од Македонски Концепт.

Според оваа партија изјавите за отворено мешање на косовски политичари на политичката сцена во Македонија, се еклатантно мешање во внатрешните работи на земјава, за што бараат Владата веднаш да реагира до косовските институции и меѓународните партнери;

„Донесена е одлука за дипломатска офанзива со цел објаснување на процесите на нашите партнери од НАТО и ЕУ и заштита на нашите заеднички интереси од тие пројави; Партијатаќе продолжи со засилено темпо и дополнителен фокус на темата, да се бори против сите видови на етнички шовинизам и верски радикализам, осудувајќи го таквото поведение на сите политички и граѓански активисти и организации“, истакнуваат во нивното официјално соопштение.

Порачуваат дека остануваат посветени на активностите за отстранување на сите пречки за полна интеграција на Македонија во ЕУ.

28.12.2023 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега