Убиен израелски кандидат за Евровизија

 

Резервистот на израелската армија Шаул Гринглик беше убиен во Појасот Газа само неколку недели по успешната аудиција за телевизиското шоу за песна на Евровизија во земјата.

Гринлик (26) се појави на 3 декември во емисијата „Израелска ѕвезда“ додека бил на одмор откако се мобилизираше во војната против Хамас.

Облечен во воена униформа тој отпеал популарна балада и добил зелено светло за следниот круг за избор.

Еден од судиите, пишувајќи откако Гринглик беше убиен вчера во судирите во северниот дел на Газа, рече дека тој се откажал од шоуто поради неговите должности како резервист во пешадија.

Најмалку 166 војници загинаа во израелската офанзива на Газа, започната по 7 октомври годинава. Од друга страна, загинаа повеќе од 21.000 Палестинци.

Изборот за песна на Евровизија 2024 година ќе се одржи во мај во Малме, Шведска.

27.12.2023 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега