Вработените во МФ, Управата за имотно-правни работи и Бирото за јавни набавки на протест

 

Вработените во Министерството за финансии, Управата за имотно-правни работи и Бирото за јавни набавки не се задоволни од времената мерка на Уставниот суд, која ги остави без триесетпроцентното надополнување на основната плата. Револтирани од одлуката, денеска излегоа на мирен протест.

Судот на 5. декември им го укина надополнувањето на плата на овие вработени. Бидејќи се работи за буџетски пари, од уставен велат дека се сомневаат во уставноста на ова правило. Можни се три сценарија. Отфрлање на иницијативата за утврдување на уставноста, надополнувањето на платите да биде укинато, или поништено.

Ако судот одлучи да се поништи сегашното посебно правило за исплаќање на 30-процентно надополнување на плата, вработените ќе треба да ги вратат сите пари што ги земале над основната плата.

Во ресорното министерство има расположение за да се скрои решение во корист на овие вработени, ама исходот ќе зависи од одлуката на судот.

25.12.2023 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега