Полицијата најде експлозивна направа во домот на напаѓачот од Прага, се сомневаат дека планирал да ја разнесе куќата

 

 

При претресот полицијата пронашла импровизирана експлозивна направа во куќата во селото Гостоне во која живеел студентот кој во четвртокот уби 14 лица во зградата на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага, изјави портпаролот на полицијата Јан Данек.

Најверојатно имал намера да ја разнесе куќата, а полицијата и пожарникарите спречиле можна трагедија, истакна Данек, пренесува Интернационалното радио Прага.

На Филозофскиот факултет во Прага во четвртокот студент уби 14 и рани 25 лица, а потоа се самоуби.

25.12.2023 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега