Хероите од ЦУК во акција: Спасиле лице кое паднало в бунар

 

Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп од 21:15 до 00:20 часот со три пожарникари и едно возило извршиле спасителна акција и извлекувале лице паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени. Лицето било , живо, но повредено и со возило на Брза помош е пренесено во болницата во Прилеп. За природата на повредите нема податоци, но важно било дека било живо и дека можеле да го извлекуваат од бунарот, за да го спасат. Заради студеното време и намалувањето на температурата ноќе, иако бил на заветрина во јамата, е опасно да се биде неподвижен надвор. Инаку, ТППЕ Прилеп, во текот на вчерашниот ден, во период од 13:50 до 14:37 часот со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на пожар на отворено, гаснеле заплена ниска вегетација во близина на месноста „Одпад Даскало“.

Пожарникарите од ППЕ Битола, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запален оџак на ул. „Партизанска“ бр. 112. ТППЕ Охрид, во период од 11:00 до 15:00 часот со 3ПП возила и 7 пожарникари интервенирале на запалена напуштена стара куќа во с. Д.Лакочереј. Пожарникарите од ТППЕ Кочани, во која се наведува дека имале една помла интервенција на запален електричен кабел во населбата „Калиманова Глава“, Кочани.

Инаку, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК од реалните итни повици, кон Полиција биле упатени 55,34%, кон Итната медицинска помош 35,60%, кон пожарникарите 2,91%, кон ЦУК 5,83%, а кон АМСМ 0,32% од повиците од 112 во ЦУК. Вкупниот број на итни повици се движи во дневниот викенд просек од 1.500 до 2.000 повици за едно деноноќие.

24.12.2023 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега