Штипјани во изминатите три дена дишат загаден воздух, бидејќи нема ветер

Зголемени концентрации на ПМ честички  бележи станицата за мерење на квалитетот на воздухот во Штип. Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип, Дејан Мираковски кој воедно раководи и со лабарторијата АМБИКОН при УГД-Штип вели во иминатите три дена се движат од 70 до 100 микрограми, наместо дозволените 50. Тој вели во превод тоа значи дека и штипјани деновиве дишат загаден воздух. Ова се должи на серија денови со мирен воздух, денови без ветер, што е реткост за Штип и одовде е појавата на зголемени концетрации во воздухот. Но, ако се земе годишното ниво на денови Штип има квалитетен воздух согласно пропишаните граници.

-Ако ја погледнеме цела година, бидејќи сме на крајот на годината просечните концентрации и бројот на денови до денес беа 28, се надевам дека нема да ги надминеме дозволените 35 дена. Штип ако треба да го оцениме квалитетот на воздухот има квалитетен воздух во пропишаните граници, вели  Мираковски.

Тој додава дека  не само Штип, сите урбани средини во држаедвата се екстремно загадени. Изворите за загадување на воздухот исти, а голема улога играат и метереолошките услови. За разлика од лани кога беа надминати дозволените 35 дена, годинава ситуацијата е за степен подобра. Загадено е и во Берово, најверојатно заради користењето цврсти горива за греење.

-Освен Скопје, сите урбани средини во државата посебно тие што се наоѓаат во котлини се екстремно загадени. Берово е висока котлина, веројатно бројките од таа станица се точни, за жал најголем дел од населението користи цврсти горива за греење и веројатно и концетрациите се над дозволеното, рече Мираковски. Просечните годишни концетрации од 2019 година до денеска иако многу бавно сепак се намалуваат, додава Мираковски. Препорачува  дека домаќинствата постепено треба да го променат начинот на греење, со цел во зима да имаме чист воздух.

22.12.2023 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега