МОН: Студентите за остварување на правото на финансиски надомест за превоз аплицираат електронски

Министерството за образование и наука потсетува дека студентите кои аплицираат за остварување на правото на финансиски надомест за покривање на дел од трошоците за меѓуградски превоз, се пријавуваат само електронски преку порталот e-uslugi,mon.gov.mk.

Аплицирањето трае заклучно со понеделник, 25.12.2023 година.

Студентите потребно е да прикачат потврда за редовен студент на државен универзитет; уверение за државјанство; лична карта или друг документ за идентификација; трансакциска сметка и доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Како доказ се доставува фотографија од месечен билет, фискална сметка или „принтскрин“ од цените објавени на веб страницата на превозникот.

Не се прикачува пријава или изјава информираат од МОН.

21.12.2023 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега