Aлијанса не ја исклучува опцијата да коалицира со ДУИ

 

 

Министерот за здравство Фатмир Меџити Фатмир Меџити денеска посочи дека себе си не се гледа како политичар, туку како лекар. Тој избегна да ги коментира неговите политички планови во пресрет на претстојните избори следната година. За тоа дали ке коалицира со ДУИ, рече дека одговор треба да даде Таравари.

-Јас сум министер за здравство за сите граѓани во РСМ, а за конкретното прашање ќе ги прашате партиските тела т.е. почитуваниот претседател Таравари и мој професор и асистент, тој подобро ќе ви објасни за се. Јас не велам дека не сум политичар, но не би сакал, тука сме за здравство. Знаете што значи некој пациент што не може да стане после тој мозочен инфаркт да стане после и да се движи макар со стапче или со што било тој се придвижува тоа е голема работа. И ова мислам дека треба да зборуваме за ова, а за ова прашање ве молам поштедете ме, не сакам да зборувам, појасни Меџити.

Тој рече дека од првиот ден откако дошол на функција имал сериозен пристап кон решавање на проблемите.

-Навистина многу сериозно пристапивме од првиот ден со сите проекти што ги раскинавме, што не се доградија по 30 години, по 20 години да не се повторам јас немам магичен стап. За тоа ќе се избориме заедно со вас и мора работите да се поправат. Нема да отстапуваме, подвлече Меџити.

20.12.2023 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега