Ердоган: ЕУ ќе го одложи членството на Украина и Молдавија, Турција тоа одамна го заслужува
Европската унија ќе го одложи приклучувањето на Украина и Молдавија во тој блок, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и изјави дека Турција одамна заслужила да стане членка на ЕУ и дека тоа не се случило од „политички причини“.
„Доделувањето кандидатски статус на Украина и Молдавија не значи дека тие ќе станат членки на ЕУ. Процесот ќе започне со нив, но ќе се одложи. Погрешно е што Турција, која е поподготвена за влез во ЕУ од некои земји-членки, со години чека на врата поради политички пречки“, рече Ердоган, пренесе Ројтерс.
Тој посочи дека Турција е кандидат од 2005 година, но се уште не е примена во ЕУ.
Ердоган рече дека „стратешкиот и економскиот“ потенцијал на Турција одамна го заслужи правото да пристапи во ЕУ, што Анкара го наведува како стратешка цел, и додаде дека напредокот во тој процес може да се види за време на претседавањето со Унгарија, со која Турција има добри односи.
Ројтерс наведува дека статусот на Турција е замрзнат поради „состојбата со човековите права во таа земја и несогласувањата околу регионалните политики, пред се во источниот Медитеран и околу островот Кипар“.
Лидерите на ЕУ минатата недела на самитот во Брисел се согласија да ги отворат преговорите со Украина, во време кога таа сè уште води војна против Русија, и истовремено да ги започнат пристапните преговори со Молдавија.
Во рамките на блокот немаше договор за пакет финансиска помош за Украина од 50 милијарди евра поради противењето на Унгарија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа