ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски е 8 години министер, тоа што не функционира системот е негова вина
Спасовски е 8 години министер, тоа што не функционира системот е негова вина, Вања можела да биде спасена, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференција извади доказ од кој јасно се гледа дека МВР на Спасовски знаела дека возилото на убиениот Панче е исчезнато и ме распишале централна објава по него.
Доколку МВР на Спасовски распишеше централна објава по возилото на Панче, и неговите убијци ќе биле фатени уште на 24-ти ноември кога влегло во Скопје или на 25-ти кога повторно е лоцирано на камерите на „Безбеден град“.
МВР на Спасовски имало 3 дена кога возилото на Панче било возено низ Скопје да ги фати убијците на Панче, со што до убиството на Вања немало да дојде.
Наместо празни изјави и правдање Спасовски да понесе одговорност, а со него и СДС зошто го уништија системот, работа од која сега ги гледаме жртвите“, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа