Бектеши уверува: Нема да поскапи струјата од 1 јануари

 

Иако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е независно тело, кое одлучува за цената на струјата, министерот за економија, Крешник Бектеши, уверува дека барањата за поскапување на струјата за 27 % од 1 јануари нема да бидат прифатени. МЕПСО, „Електродистрибуција“ и МЕМО доставија пресметки со барање за поскапување на струјата, а Регулаторната комисија  најави одлука за следната недела.

„Енергетските компании може да бараат и 400 и 500 % поскапување во делот на трошоците што тие ги пријавуваат и во согласност со нивните планови за инвестирање. Тоа ќе биде одлука на РКЕ колку од тие трошоци ќе ги прифати. 27 % не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО и ЕВН. Тие, најверојатно, нема да бидат прифатени“, рече министерот Бектеши по одбележувањето 10 години од постоењето на Фондот за иновации.

Тој уверува дека граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за струја од 1 јануари, туку, напротив, ќе имаат можност да ги намалат сметките со користење на дневната евтина тарифа на струјата.

Корисниците што се во првиот и вториот тарифен блок нема да имаат промена во сметките ниту со воведување на новата давачка – пристап до мрежа, која ќе направи измена само кај оние што се големи потрошувачи на струја и кај оние што имаат по неколку станови или викендички.

14.12.2023 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега