Фонд за поддршка и вработување на лицата со инвалидност

 

Министерот за труд и социјала Диме Спасов денеска заедно со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, потпиша Меморандум за соработка со кој ќе се вработуваат лица со инвалидност.

- Потпишавме меморандум за соработка со кој се уредуваат активностите кои ќе се преземаат во наредниот период, а особено за вработување на лицата со инвалидност и подобрување на нивната социјалната интеграција. Обезбедувањето поддршка е во насока на формирање на посебен фонд во кој ќе се прибираат средства  од страна на членките на Стопанската комора. Средствата ќе се користат за лицата со инвалидност и лицата кои се наоѓаат во социјален ризик, истакна Спасов по потпишувањето на меморандумот за соработка.

Според Азески, Стопанската комора на Македонија како општествена одговорна бизнис заедница, се вклучува и во обезбедување на социјалната заштита на работниците, со акцент на соодветна застапеност на одредени групи работници.

- Со меморандумот што денеска го потпишавме, домашните компании преку комората  се вклучуваат во заедничко решавање на проблемите во насока на обезбедување адекватна поддршка на лицата со инвалидност и лицата кои се наоѓаат во социјален ризик, рече Азески.

Министерот Спасов се заблагодари на Азески за конкретната подршка и хуманост која Стопанската комора ја дава за лицата со инвалидност.

16.12.2013 - 13:33
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега