Бубевски: Материјалните докази зборуваат со истиот јазик како и осомничените
Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски во изјава за медиумите денеска рече дека во однос на кои произлегуваат од целиот доказен материјал, ќе се произнесат со обвинение.
-Материјалните докази зборуваат со истиот јазик како и осомничените. Обвинителството ќе се произнесе кога ќе ја утрвди фактичката состојба. Ние ги имаме прибавено материјалните докази, тие се анализираат, се прави целокупна ретроспектива на се што се случувало и сето тоа ќе биде предмет на обвинителен акт, вели Бубевски.
Рече дека се доставени сите документи кои се потребни за екстрадиција на Палчо.
-Постапките кои не се од итен карактер согласно закон, неможам да имам увид дали имам некакво известие поради тоа што обвинителската администрација е во генерален штрајк, рече тој.
Сите потребни документи се испратени во однос на екстрадацијата на Палчо. Засега се шпекулира дека целиот тој процес може да трае месец дена, но и многу повеќе. И претседателот Пендаровски најави дека ќе го побара Ердоган се со цел убрзување на овој процес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа