Пензионерите излегоа на голем протест
Се одржува голем протест на пензионерите пред Собранието. Бидејќи Владата не ги слушнала нивните барања, тие протестираат пред Собранието. Остануваат на барањето минималната пензија да изнесува 18.000 денари и да има линеарно зголемување од 5.000 денари на сите пензии.
-Ги повикувам пратениците Законот да го донесат пред изборите. Бараме тој закон да биде изгласан онака како што ние бараме. Не сме задоволни со социјални пакети, рече Драган Угриновски, претседател на Здружението на пензионери за достоинствен живот.
И од Иницијативниот одбор на прилепските пензионери беа присутни на протестот. Верче Јаневска спомена дека министерската Тренчевска им рекла дека 5.3 проценти зголемување на пензиите биле многу за нив.
-Ние не сме јаделе како нив. Таа нека ги извади шамиите кои ги носи, нека не го иритира народот, туку нека застане и нека каже што таа направи за пензионерите во нејзиниот мандат, рече Јаневска.
Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ изразија поддршка за пратениците и рекоа дека следната влада која ќе ја предводат тие ќе ги поддржи пензионерите во нивните барања.
-Ние како ВМРО-ДПМНЕ се соживуваме со маката што ја имате вие. Преживувате со минимални средства и немате достоинствен живот. Во нашата програма која ја подготвуваме, ќе ги ставиме барањата кои вие ги имате, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа