Таткото на убиената Вања и денес негира дека кажал на грабнувачите кога таа ќе излезе од дома
И на денешниот распит кај јавен обвинител Александар Ѓорчевски, таткото на убиеното 14-годишно девојче негира дека дал информации кога и каде грабнувачите може да ја начекаат сама. Од Обвинителството само кусо известија дека распитот на таткото завршил и дека тој во основа негира вмешаност.
Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски известија дека двјаца од приведените во исказите кажале дека информациите за тоа кога убиената Вања Ѓорчевска ќе излезе сама од дома ги добиле од организаторот Љупчо Палевски – Палчо, кој, пак, им кажал дека ги добил од таткото.
И министерот и обвинителот вчера уверуваа дека сите тврдења во исказите на приведените се потврдени со материјални докази.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа