(Видео) Митева: Мерките на СДС И ДУИ - тие цареви на хонорарите, за народот 1000 денари изборен поткуп
„Предизборниот поткуп кој го планираат СДС и ДУИ е очаен потег, ништо не ги спасува од пораз. Додека сметките на функционерите на СДС и ДУИ од месец за месец се зголемуваат, на народот му продаваат евтини приказни за наводни антикризни мерки во вредност од 1000 денари“, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение остатокот од прес конференцијата:
„Математиката е едноставна, но разликата голема и срамна, а изгледа вака: Ковачевски со предвиденото покачување зема 812.800 денари повеќе на годишно ниво. Тоа се 13.500 евра повеќе. Пендаровски зема 14.400 евра повеќе со покачувањето, исто толку зема и Талат Џафери. Тоа се над 40.000 евра или тоа се пари со кои може да се купи едно ново болничко возило. Вака некако изгледа бизарната политика на СДС и ДУИ - тие цареви на хонорарите, народот заробен во сиромаштија“
„Таканаречените антикризни мерки не го решаваат проблемот, официјалните податоци потврдуваат дека 600.000 луѓе живеат со 150 денари на ден, тоа е секој 3-ти Македонец. Но, власта и на маката на народот ја гледа како сопствената корист и сака ова да го злоупотреби. Овој потег на СДС и ДУИ е понижување за граѓаните, додека тие си делат милионски тендери и безмилосно трошат народни пари, на народот му подаваат помош од 1000 денари“.
Ако СДС и ДУИ се надеваат дека граѓаните имаат кратка меморија, еве прилика да ги потсетиме: во 2020-тата година и 2021 година говореа дека потрошиле околу милијарда и 150 милиони од државниот Буџет да помогнат на стопанството и на граѓаните, а лагата им пропадна кога Државен завод за ревизија следната година констатираше дека помошта од страна на државата кон граѓаните и стопанството била само околу 280 милиони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа