Левица: Пожар на стари објекти на локација во Влае планирана за изградба на нови згради
„Викендов избувна пожар во Влае на локации предвидени за изградба на кружен тек и улица. Во близина е планирана и изградба на нова населба со висококатници за кои се наменети улицата и кружниот тек“, велат од Левица.
„За горенаведените градежни планирања веќе протестираа граѓаните на Влае бидејки новата населба не е предвидена да биде градена по принципот на хумано живеење.
Висококатниците се планирани да се градат на местото на работилниците на поранешно ГП Маврово.
Левица веќе се изјасни дека е против ваквото непланско градење и дивеење и дека ќе направи се преку свое делување во Советот тоа да го спречи.
Прашуваме: Дали овој пожар е со истото сценарио како кај фабриката „Треска“ каде минатата година во април избувна пожар точно на локациите каде се планираше да се градат висококатници?“, се вели во соопштението на Левица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа