Комити Скопје: Приходите од гостувањето во Кратово ќе го донираме на членот на н.г. ,,Чкембари Битола", кој при пожар го загуби домот

Комити Скопје целиот приход од гостувањето во Кратово ќе го донира на член од Чкембари Битола, кој при пожар го загуби сопствениот дом. Информацијата ја соопштија на социјалната мрежа Фејсбук. 
 
„Групата одлучи целиот приход од гостувањето во Кратово, да го донира на членот на н.г. ,,Чкембари Битола", кој при пожар го загуби сопствениот дом.
Финансиските средства, банкарски ќе бидат префрлени веднаш во понеделник (27.11.2023).
СИТЕ ВО КРАТОВО - СЕГА Е ВАЖНО!“, се наведува во објавата на Комити Скопје. 

24.11.2023 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега