Попоски ќе ја промовира Македонија во Индија
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Индија.
СПоред информациите од МНР, Попоски во Индија ќе сесретне со својот колега Салман Куршид, државниот министер за надворешни работи Пренит Кор, како и со министерот за трговија и индустрија Ананд Шарма.
Попоски ќе ги презентира економските капацитети и поволности за инвестиции и водење бизнис во Македонија пред една од двете најголеми стопански комори на Индија.
- Посета на министерот Никола Попоски претставува уште една можност за унапредување на политичкиот билатерален дијалог, како и натамошно продлабочување на соработката помеѓу Република Македонија и Индија во сите области од заемен интерес, информираат од МНР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа