Зеленски: Имаме проблем поради војната меѓу Израел и Хамас

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера призна дека Украина има проблем откако започна војната во Израел.

„Војната меѓу Израел и Хамас доведе до забавување на испораката на гранати во Украина. Што мислите, на Блискиот Исток, што почнаа да купуваат прво-гранати од 155 калибар. Нашите залихи се намалија“, рече Зеленски.

Израел, кој ужива воена поддршка од САД, го бомбардира Појасот Газа откако борците на Хамас масакрираа повеќе од илјада цивили во напад без преседан на почетокот на октомври, пренесуваат медиумите во регионот.

„Не е дека САД рекоа: нема да и дадеме ништо на Украина. Не! Имаме сериозни, многу силни односи“, рече Зеленски.

„Тоа е нормално, сите се борат да преживеат. Тоа е живот и ние треба да го браниме она што е наше“, рече претседателот на Украина.

Русија и Украина се обидуваат да ги задржат своите резерви на гранати по речиси две години војна од инвазијата на Москва.

„Денес имаме проблеми со артилериски гранати од 155 милиметри“, рече Зеленски, додавајќи дека магацините сега се празни низ целиот свет.

„Или постои законски минимум што оваа или онаа држава може да ви го даде. И тоа не е доволно“, додаде тој.

Зеленски, сепак, ги поздрави напорите на САД да го зголемат производството на овој тип муниција и посочи дека Русија складира ракети за напади врз украинската инфраструктура во зима.

„Мислам дека складираат проектили, но немаат многу повеќе проектили од порано. Во спротивно, веќе ќе почнеа да бомбардираат“, смета првиот човек на Украина и додава дека неговата земја е подобро подготвена за зима од претходно.

17.11.2023 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега