Писмото на Бин Ладен до САД ги зачуди младите Американци
Документ стар децении, наводно напишан од Осама бин Ладен со наслов „Писмо до Америка“ неодамна стана вирален на Тикток. Њузвик пишува дека некои млади Американци веруваат дека основачот на Ал Каеда во писмото изразил валидни ставови за нивната земја.
Документот на две страници, објавен од Гардијан, е писмо што Бин Ладен го напишал во 2002 година како полемика против САД и објаснување на идеологијата што го навела да ги организира нападите од 11 септември. Иако документот сега е стар 21 година, некои сметаат дека текстот е начин да се разбере актуелните светски настани, вклучително и војната Израел и Хамас.
Пребарувањето на терминот „Писмо до Америка“ на Тикток покажува дека некои од најпопуларните поврзани клипови имаат над милион прегледи. „Секој треба да го прочита“, рече еден корисник на социјалната мрежа, предупредувајќи дека писмото ја оставила „многу разочарана“ и „збунета“.
Друга корисничка рече дека имала „егзистенцијална криза“ откако го прочитала документот и дека тоа и го променило целиот поглед на животот. „Всушност ми е толку неверојатно што тероризмот беше продаден како таква идеја на американскиот народ… дека оваа група на луѓе, случајна група на луѓе, одеднаш се буди еден ден и само те мрази… нема смисла“, изјави друг корисник на Тикток.
Неколку реакции на Тикток на писмото покажуваат дека корисниците се сеќаваат на нивната радост кога слушнале за смртта на Бин Ладен во 2011 година, а потоа ја споредуваат со нивниот шок откако го прочитале писмото во 2023 година, додавајќи ја фразата „тој беше во право“. Бин Ладен, син на богат саудиски бизнисмен, ја основал Ал Каеда во 1988 година по поразот на Советите и повлекувањето од Авганистан, конфликт во кој и самиот се борел.
Под негово водство, групата започна неколку смртоносни бомбашки напади во различни земји, вклучувајќи ги и нападите на 11 септември 2001 година, кога терористите киднапираа четири патнички авиони во источниот дел на САД. Два авиони ги погодија кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, додека еден се урна во Пентагон.
Во октомври истата година, Бин Ладен беше додаден на листата на најбарани терористи во САД. Во нападите на 11 септември загинаа речиси 3.000 Американци, а илјадници беа повредени. Во писмото Бин Ладен ги обвини САД дека се одговорни за угнетувањето на Палестинците.
„Создавањето и продолжувањето на Израел е едно од најголемите злосторства, а вие сте водачи на неговите криминалци. Секој човек чии раце се валкани со тоа што придонесува за ова злосторство мора да ја плати цената, и тоа тешка“, рече Бин Ладен. Милитантот роден во Саудиска Арабија потоа напиша дека Палестинците мора да се „одмаздат“, заедно со народот на Авганистан.
Наводната улога во угнетувањето на Палестинците и муслиманите, според Бин Ладен, била оправдување за убиствата на американските цивили.
„Американскиот народ плаќа даноци и ги финансира авионите што не бомбардираат во Авганистан, тенковите што ги напаѓаат и уништуваат нашите домови во Палестина, армиите што ги окупираат нашите земји во Арапскиот Залив и флотите што обезбедуваат блокада на Ирак“, пишува во писмото.
„Затоа, американскиот народ не може да биде невин за сите злосторства извршени против нас од Американците и Евреите“, додаде Бин Ладен. Гардијан во меѓувреме го избриша писмото без никакво објаснување.
Ако ја отворите веб-адресата каде што претходно се појавило писмото, можете да ја прочитате оваа порака: „На страницата претходно беше прикажан документ кој го содржи целосниот текст од писмото на Осама бин Ладен до американскиот народ, објавено во Обсервер во недела, 24 ноември 2002. Документот е овде објавен истиот ден и отстранет на 15 ноември 2023 година“.
Over the past 24 hours, thousands of TikToks (at least) have been posted where people share how they just read Bin Laden’s infamous "Letter to America," in which he explained why he attacked the United States.
The TikToks are from people of all ages, races, ethnicities, and… pic.twitter.com/EwjiGtFEE3
— Yashar Ali (@yashar) November 16, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа