Детали за сообраќајната несреќа во Велес: Повредени се осум лица

По укажаната прва помош сите лица се однесени во Општата болница – Велес.

Како што информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, во болницата се уште се вршат прегледи на донесените осум лица и на уште неколкумината повредени во сообраќајката кои сами дошле или биле донесени со приватни коли во Болницата.

-Тимот на Хирушки клиники при ЈЗУ Општа болница Велес се уште врши прегледи на повредените, по што ќе знаеме колку и какви повреди имаат, појасни Ќулумова.

Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес, за МИА потврди дека се случила сообраќајка меѓу патничко и товарно комбе во 14:50 часот после раскрсницата кон селото Војница на угорницата кон Чашка. Таа информира дека екипи на СВР Велес се уште се на терен и вршат увид за причините на несреќата.

Регионалниот пат Велес – село Извор најпрво беше блокиран за сообраќај, а од 17:00 часот, како што информира АМСМ, се одвива наизменично.

10.11.2023 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега