Ахмети го отвори музејот на УЧК во кумановско - избравме да бидеме господари во оваа земја

Викендов, во кумановското село Сопот, лидерот на ДУИ Али Ахмети го отвори меморијалниот центар или музеј на УЧК.

На свеченоста, како што пренесоа дел од медиумите, Ахмети упатил неколку пораки дека Албанците се господари во Македонија и дека се државотворци.

– Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари во оваа земја и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено. Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен – изјавил Ахмети, пренесе Плусинфо.

Меѓу експонатите може да се забележи и карта на Голема Албанија во која има делови од териториите на Србија и Грција како и половина Македонија.

 

06.11.2023 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега