Момче херој го расплака светот: Со телото ги заштитил братот и сестрите од пожар во Австралија, трагично загина

 

 

Четиригодишно момче покажало неверојатна храброст кога се обидело да ги заштити своите сестри и брат од пожар што избувнал во градината во нивниот дом во Австралија. Подоцна починал во болница, пишува „Дејли мејл“.

Исак Мекгрегор си играл во дворот со своите сестри Мејвис (6) и Ешлин (18 месеци) и со тригодишниот брат Сејџ во семејната куќа во Кори, југозападно од Мелбурн, Австралија, во саботата наутро, кога се запалила софата.

Мајка му Јасмин Бек (26) истрчала надвор и се обидела да го помести каучот и да ги спаси сите четири деца.

Таа го пронашла Исак, нејзиниот најстар син, како го користи своето тело за да ги заштити од пламените јазици својот помал брат и сестра си.

Сејџ и Ешлин починале на местото на настанот, а Исак и Мејвис биле итно пренесени во болница во критична состојба, придружувани од татко им Кејн Мекгрегор. Биле сместени на интензивна нега со изгореници опасни за животот на речиси 80  отсто од нивните тела.

Портпаролката на полицијата ја потврди трагичната вест.

„Секогаш ќе го паметиме како вистински херој, кој го даде својот живот обидувајќи се да ги заштити своите браќа и сестри. Им благодариме на сите од сè срце за сите донации и поддршка. Ова семејство е апсолутно неверојатно“, пренесува „Јутарњи“.

26.10.2023 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега