РКЕ: Грејната сезона во Скопје почнува утре, цената на парно греењето засега останува истата

 

Грејната сезона во Скопје започнува утре и ќе трае до 15 април идната година, а цената за потрошената топлинска енергија засега останува иста. Нова одлука за цената ќе се носи откако ќе биде поставен цевководот на мостот Беласица.

Како што информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), согласно правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона во Скопје започнува на 15 октомври 2023 година и завршува на 15 април 2024 година, со можност да се продолжи уште 15 дена во зависност од надворешните температури.

Како што информира претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, без оглед на температурите надвор, грејната сезона започнува на 15 октомври и снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 6:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени Целзиусови.

РКЕ апелира до сите потрошувачи на регулираниот пазар, односно до институциите и домаќинствата да продолжат со рационално трошење на енергијата исто како во изминатата грејна сезона.

14.10.2023 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега