Министерот Бесими, заедно со Ангеловска-Бежоска ќе учествуваат на Годишните средби на ММФ и СБ
Министерот за финансии Фатмир Бесими заедно со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска од денеска учествуваат на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, што годинава се одржуваат во Маракеш, Мароко. Во фокусот на овогодишените средби е одговорот на предизвиците од климатските промени, енергетската транзиција, но и поголема отпорност и подготвеност на пендемии.
Во рамки на Годишните средби, министерот Бесими ќе оствари средби со високи претставници на Светска банка и ММФ, како и други релеватни меѓународни финансиски институции, на кои министерот, согласно и овогоднешниот фокус на Годишните средби, ќе ги претстави заложбите на Владата на РС Македонија за еколошки одржлив економски раст, инвестициите во зелени проекти и политиките што се преземаат за реализација на оваа определба и имплементација на зелените проекти.
Министерот Бесими во Маракеш, ќе се сретне со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Кун Давидсе директорката на Светската банка за Западен Балкан Шиаочин Ју, како и со високи претставници на ММФ, заменик на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор на ММФ Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, како и со директорот на ММФ за Европа Алфред Камер.
Предвидени се и средби со претставници на меѓународни финансиски институции, поддржувачи на земјава во спроведување на инфраструктурни проекти и институции кои можат да го поддржат зелениот развој. Меѓу предвидените средби се со првиот заменик-претседател на Европската банка за обнова и развој Јирген Ригтеринк, регионалниот заменик-претседател во Меѓународната финансиска корпорација - ИФЦ, Алфонсо Гарсија Мора, како и средби со Mеѓународна развојна агенција - ИДА.
Годишните средби, на кои учествуваат министри за финансии, гувернери, претставници на бизнис заедница, граѓанскиот сектор, академици и слично, даваат можност за отворање дијалог за прашања што се од глобален интерес. Годишните средби на ММФ и Светска банка секоја година се одржуваат во октомври, а годинашните во Маракеш се од 9-ти до 15-ти овој месец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа