Таткото на момчето убиец во Белград на чекор од слобода, објави српски Блиц

 

 

Истрагата против Владимир К, таткото на момчето убиец, не може да заврши бидејќи Институтот за судска медицина и по многубројните барања на Вишото јавно обвинителство не го достави балистичкото медицинско вештачење кое е клучно за донесување одлука за обвинение, објави српски „Блиц“.

Денеска е точно пет месеци откако момчето убиец вооружен влета во ОУ „Владислав Рибникар“ и со пиштолот на својот татко уби деветмина негови врсници и училишниот чувар и рани уште шест лица. Сепак истрагата против неговиот татко не е завршена.

Како што објави српски Блиц, се блокира со вештачењето наложено од Вишото јавно обвинителство во Белград, кое не е завршено и покрај бројните ургенции на оваа институција.

-Обвинителството нареди да се изврши медицински балистички преглед кој треба да укаже на начинот на смртта на жртвите на момчето-убиец, како и на прострелните рани и од кое оружје им се нанесени. Тоа вештачење треба да ги потврди сомнежите дека момчето-убиец пукал со пиштол што неговиот татко го поседувал законски – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.

Сепак, ова стручно мислење не е завршено.

– Надлежното обвинителство во последните два месеци напиша повеќе итни барања и бара што поскоро да се достави предметот бидејќи без него не може да се донесе одлука за евентуалното обвинение против таткото поради сомнение дека тој не чувал обезбедено оружје. За тоа време вработените во Институтот заминаа на одмор, а за вештакот ништо не беше преземено – вели извор на „Блиц“ запознаен со истрагата.

А за тоа обвинителството има рок да донесе одлука во следниот месец. Во спротивно, таткото на момчето убиец ќе биде ослободен.

– Во случај кога на обвинетиот му е одредена мерка притвор во истрагата, законот пропишува задолжително укинување на притворот во случај обвинителот да не поднесе обвинителен акт во рок од шест месеци. Ова е рокот до кој обвинителот е должен во случај на обвинетиот да му биде одреден притвор, а во тој случај обвинителот, но и сите во истрагата да постапат со потребната итност – објаснува за „Блиц“ адвокатот Никола Ристовиќ.

Според него, доказите што ги собира обвинителството мора да го оправдаат сомнежот дека некој го сторил осомниченото дело.

Тој исто така додава дека доколку таткото на момчето убиец евентуално биде ослободен, истрагата може да трае се додека обвинителот не одлучи да поднесе обвинителен акт или да ја отфрли кривичната пријава. За тоа, наведува тој, нема законски рок.

Владимир К, таткото на момчето убиец, е осомничен дека го тренирал синот да пука, дека го однел на стрелиште и не го чувал оружјето соодветно.

Притворот му беше продолжен на крајот на јули за уште три месеци, а според информациите што ги објави Блиц истекува на 30 октомври.

03.10.2023 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега